Вечното кошаркарско дерби за МЗТ Скопје

Во 143-тото вечно кошаркарско дерби МЗТ Скопје во салата Градски парк го совлада најголемиот ривал Работнички со 74:70 и му се реваншира на противникот за поразот на домашен терен во првиот дел од сезоната.

Гостите од Аеродром беа во водство во најголемиот дел од натпреварот. Во првиот дел МЗТ Скопје најголемото водство го имаше на почетокот од втората четвртина кога стигна до предност од шест поени, а на одмор замина со резултат од 39:35 за гостите.

Стартот на вториот дел им припадна на кошаркарите на МЗТ Скопје, кои во еден момент имаа двоцифрена предност, но по серијата поени на Димитар Мираковски шампионот се доближи на негатива од само два поени.

Во завршницата МЗТ Скопје беше во постојано водство, но сепак се водеше неизвесна борба за победа. Во последните шеесет секунди МЗТ Скопје влезе до предност од шест поени, а до крајот домаќинот имаше сила само да го намали водството за конечни 74:70.

Најефикасен во победничкиот тим со 22 поени беше Иве Иванов, Предраг Самарџиски имаше учинок од 16 поени и исто толку скока додека Лестер Медфорд мечот го заврши со 13 поени и шест асистенции.

Кај Работнички прв стрелец со 19 поени беше Бојан Крстевски, кој додаде и седум скока, Димитар Мираковски имаше 18 поени и 10 додавања, а Чавдар Костов беше стрелец на само пет поени, но имаше 11 освоени топки под обрачите.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ