Вечерва завршува проектот „Култура во време на корона“

Со он лајн настапи на групата „ Суперхикс“, пејачката Лаура Карлиу, ди-џејот Алек Солтиров и видоа мапинг на Универзална сала,  вечерва завршува програмата „ Култура во време на Корона“. Во овој проект беа вклучени над 200 уметници, а 168 од нив ќе бидат финансирани со 14500 денари. Од Град Скопје кои го финансираа проектот велат дека за сега сретставата се потрошени, но проектот, кој наиде на пофалби во регионот заради неговата уникатност, може и да продолжи, во зависност од околностите кои следуваат, поврзани со пандемијата од корона вирусот.

Проектот „Култура во време на Корона“, кој завршува вечерва, го финансира Град Скопје со 2 милиони 690 илјади денари. Од тие сретства ќе биде финансирана главнината од над 200 учесници со 14500 денари, а техничкиот персонал работеше без хонорари, рекоа од Универзалната сала.

  • Ќе бидат покриени 168 хонорари. А, можам да кажам дека има вкупно над 200 учесници во целиот проект -Филип Аврамчев- директор на Универзална сала.

„Култура во време на Корона“, се работеше на идеја на МКЦ и иницијативата „Културата е насловна страна на секое општество“.

  • За месец март, април и мај, МКЦ требаше да откаже 63 програми кои што требаше да се случат овдека. Токму затоа се обидовме да предложиме некакви мерки, како да продложиме понатаму – Русе Арсов- директор на МКЦ.
  • Комуницираме со нашите колеги. Сакаат да ги применат мерките. Конкретно во Белград-Србија, во Загреб. И тоа некако ми дава надеж, дека сепак оваа соработка на вонинституционалниот и институционалниот сектор, функционира – Филип Јовановски- Иницијатива „Културата е насловна страна на секое општество“.

Со овој проект кој беше единствен во регионот, испишавме историја што ќе ни биде адут да ја добиеме тутулата Скопје –Европска престолнина на културата во 2028 година, рекоа од Град Скопје. А, според директорката на КИЦ,  Пурини, дилемата дека проектот се одржува во Рамазанските пости се покажала неоправдана зашто граѓаните од сите населби и општини го прифатиле и се забавувале , заедно со уметниците.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ