Вечерва вонредна седница на ИВЗ во Кондово

Вечерва во Кондово Ријасетот на ИВЗ и поглаварот Сулејман Реџепи на вонредна седница ќе разговараат за новонастанатата ситуација.

Откако Основиот суд Скопје 2 ја уважил жалбата на Скедер Бузаку кој уште во 2015 бил избран за поглавар на ИВЗ.

„Од утре си даваме заклетва и ќе се организираме како верници јас сум новиот поглавар на ИВЗ, рече пред новинарите Скендер Бузаку, и тоа врз основа на сите внатрешни акти и врз основа на судско решение“.

Тој ја известил и финансова полиција која треба да направи увид на досегашното работеше на поглаварот Сулејман Реџепи во ИВЗ.

Антонио Милошоски вечерва за Топ Тема на Телма рече дека висок функционер во собранието е многу заинтересиран за смена на раководството на ИВЗ.
Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ