Вечер на шампиони во Лас Вегас, директен пренос на Телма од 3 часот

Вечерва на програмата Телма ќе можете да проследите нов боксерски спектакл што се одржува во МГМ Гранд гарден арената во Лас Вегас каде шампионот во тешка категорија Дионтеј Вајдер по десетти пат во кариерата ќе ја брани титулата во верзијата на Светскиот боксерски совет.

Противник на неприкосновениот шампион ќе му биде Кубанецот, Луис Ортиз, кој веќе еднаш беше поразен во дуелот со Вајлдер. Пред повеќе од една година Вајлдер со нокаут во десеттата рунда успеа да го совлада Ортиз и да го одбрани тронот.

Вајлдер во професионалната кариера се уште не ја почувствувал горчината на поразот додека Ортиз има само еден пораз и токму оној од вечерашниот противник.

Пред мечот на вечерта ќе имате можност да следите уште две борби за титули и една во која победникот ќе има шанса во следниот настап на професионалниот ринг да се бори за шампионски појас.

Програмата се отвора во 3 часот наутро со дуелот меѓу Луис Нери и Емануел Родригез.

Во продолжение следува мечот за титулата во бантам категорија меѓу Брендон Фигероа и Хилио Сеха, а последна пред главниот меч е дуелот во кој Лео Санта Круз го брани тронот во суперперо категорија, а противник му е Мигел Флорес.

Директниот пренос на Телма почнува в (сабота на) недела од три часот наутро

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ