Вардар со пораз кај Пјуник ја отвори сезоната во Европа

Вардар новата сезона во Лигата на Европа ја започна со минимален пораз од 1-0 на гостувањето кај Пјуник во рамки на првото квалификациско коло.

Новиот ремонтиран Вардар не прикажа премногу на гостувањето во Ерменија, кај очигледно слабиот Пјуник. Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 28-та минута, кога еден фудбалер на домашниот тим биеше од далечина, Мохамед Конате го смени правецот на топката доволно да го измами Филип Гачевски на голот на Вардар.

Нашиот вицепрвак заигра нешто подобро во второто полувреме, а најзрелата шанса ја имаше Тигран Барсегјан во 54-тата минута, кој изби сам пред голот на Пјуник и наместо да шутира одеше да изнуди пенал, па од оваа шанса произлезе само жолт картон за напаѓачот на Вардар. До крајот на натпревар Вардар ја имаше иницијативата, но не можеше нешто посериозно да го загрози голот на Ерменците и за издвојување е само обидот на Горан Попов.

Вардар за да го оправда ланското учество во групната фаза од Лигата на Европа, ќе мора да се потруди на реваншот во Скопје за една недела да дојде до триумф за да не ја заврши европската одисеја уште по првото квалификациско коло.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ