ВАРДАР ПРИСТИГНА НА Ф4 ВО КЕЛН

Европскиот првак Вардар допатува во Келн каде во конкуренција на француското  трио Монпеље ,ПСЖ и Нант ќе ја брани шампионската титула.

 

Македонската екипа прва пристигна во градот каде  деветта сезона по ред се одржува Ф 4 турнирот од ЛШ на ЕХФ во машка конкуренција.Како единствен колектив со две екипи на завршните турнири ,покрај женскиот тим кој неодамна во Будимепшта  остана на вицешампионскиот трон,Вардар  се стреми да биде првиот машки состав  што ќе го одбран насловот во овој формат на Лигата воведен во сезона 2009/2010.Лани во Келн,Вардар одигра два спектакуларни меча.Во полуфиналето,Црвено-црните ја поразија Барселона 26-25,клуб со  најголем број шампионски титули во историјата,вкупно 9 и во финалето повторно со инфаркт завршница беа подобри од гигантот во подем,ПСЖ  славејки со 24-23.На патот кон Келн,слично како и во 2017,Вардар ја зголеми колекцијата за уште три пехари.Екипата од Скопје ја одбрани двојната круна, во домашното првенство и во Купот и по четврти  пат триумфираше на турнирот од регионалната Сеха лига.За предизвикот во Келн,тренерот Раул Гонзалес поведе 19 ракометари а  двајца од нив Мартин Поповски и Даниел Ѓорѓески се дебитанти на Ф4.Во сабота во полуфиналето, Вардар игра против Монпеље .Дуелот на шампионите од 2017 и 2003 година почнува од 18 часот.Претходно Нант и ПСЖ ќе бијат  битка за првиот билет од финалето.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ