Вардар по втор пат на европскиот трон! (ВИДЕО)

Вардар дојде до шампионската титула во Лигата на шампиони откако во големото финале на завршниот турнир во Келн го совлада Веспрем со 27-24.

За „црвено-црните“ ова е втора европска круна по онаа освоена во 2017 година. Момците на тренерот Роберто Гарсија Парондо водеа буквално од првата до послената минута против унгарскиот тим и заслужено дојдоа до победата.

И покрај огромните проблеми сезонава со кои се соочуваа „црвено-црните“ стигнаа до европскиот врв како најголеми аутсајдери.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ