Вардар остана и без утешното трето место: ПСЖ славеше минимално

Вардар минатата година двата натпревари на завршниот турнир во Лигата на шампиони во Келн ги доби во завршницата со по еден гол разлика, оваа година ги загуби двата натпревари на овој начин.

Ерата на овој „црвено-црн“ колектив завршува со четврто место на Ф4 турнирот. Денеска во утешното финале Вардар загуби од ПСЖ со 29-28. Концентрацијата попушти во финишот, бидејќи нашиот тим имаше контрола на резултатот речиси 50 минути. Во првиот дел Вардар имаше и +4, но на полувремето беше 15-14. ПСЖ поведе со 24-23 во 52-та минута и не го испушти водството до крајот, односно не му дозволи на Вардар да се врати во натпреварот.

Лука Циндриќ со седум голови беше најефикасен кај Вардар, Хорхе Македа постигна шест, додека пет пати во мрежата на ПСЖ погоди Иван Чупиќ. Кај противникот, најмногу се истакна Недим Ремили со девет погодоци. Во големото финале за европскиот трон играат екипите на Монпелје и Нант, за кого игра капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ