Вардар ја заокружи сезоната со триумф над Металург и се прости од Гонзалес и шесторица ракометари

Ракометарите на Вардар ја потврдија шампионската титула со триумф од 29-33 на гостувањето  кај најголемиот ривал Металург во рамки на последното коло од домашното првенство.

„Црвено-црните“ го обезбедија трофејот уште пред неколку кола, но денеска го одиграа последниот натпревар во овој состав.

Металург имаше нешто подобар старт и водеше со еден или два гола разлика. Вардар ја стегна одбраната и брзо успеа да направи разлика, која на полувремето изнесуваше 15-19. Во вториот дел, Вардар стигна и до највисоката предност од +6, а Металург последниот блесок го имаше кога намали на -2. Сепак, момците на Александар јовиќ немаа сили да ја загрозат победата на шампионот, па на крајот резулатот гласеше 29-33.

Денеска во „Автокоманда“ дресот на Вардар последен пат го носеа Лука Циндриќ, Мијајло Марсениќ, Жоан Канељас и Хорхе Македа, додека повредените Арпад Штербик Илија Абутовиќ не беа во составот, па тие последниот натпревар го одиграа на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. За последен пат Вардар oд клупата го водеше и тренерот Раул Гонзалес, кој од следната сезона ќе го води најбогатиот тим во Европа, ПСЖ.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ