Вардар ја отвори сезоната со победа

Во првиот натпревар од продолжението на сезоната во домашниот фудбалски шампионат, Вардар пред своите навивачи го совлада градскиот ривал Македонија ЃП со 3:1.

Вардар поведе во 37-та минута со голот на Жуниор во 37-та минута по асистенција на Матеј Цветановски. По четири минути игра во продолжението од мечо Џемал Ибиши се запиша во листата на стрелците за предност на “црвено-црните” од 2:0, а во 59-тата Цветановски успеа да го совлада противничкиот голман за водство од 3:0.

Во 66-тата минута од мечот гостите преку Карваљо успеаа да го постигнат единствениот гол.

 

ФОТО: Игор Паневски

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ