Вардар ја брани титулата во СЕХА лигата

Ракометарите на Вардар вечерва од 19 часот во дуелот против Загреб ќе се борат за петтиот триумф во СЕХА лигата. Бранителот на трофејот во полуфиналето беше поуспешен од домаќинот Мешков Брест додека Загреб славеше во соочувањето со Нексе.

Македонскиот шампион повторно има шанса да се бори за трофејот што и се доделува на најдобрата екипа во СЕХА лигата. Ракометарите на Вардар во досегашната историја на завршните турнири во регионалното натпреварување само еднаш не бил во позиција да игра во големото финале и тоа пред четири години кога во последниот меч се соочија Веспрем и Мешков Брест.

“Црвено црните” се рекордери по бројот на освоените титули во денешниот дуел со добро познатиот ривал Загреб имаат можност во седмото финале по петти или трет едно по друго пат да се најдат на највисокото место на подиумот.

Во репризата од минатогодишното финале во Скопје, Вардар е фаворит во дуелот со Загреб, кој пак денеска ќе се обиде да се реваншира за елиминацијата во шампионската лига.

Финалето почнува во 19 часот, а 16 и 30 закажан е почетокот на натпреварот за третото место во кое се среќаваат Мешков Брест и Нексе.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ