Вардар и со половина сили до триумф против Динамо Панчево

Вардар и натаму останува единствениот тим во СЕХА-лигата без пораз, откако денеска во рамки на 16.коло славеше на гостувањето кај Динамо Панчево со 23-27.

Иако можеби се очекуваше далеку поубедлива победа, момците на Раул Гонзалес одиграа оноколку колку што беше потребно за триумф. Водството на „црвено-црните“ ниту еднаш не беше доведено во прашање, а со тоа ниту победата.

На полувремето беше 9-13 за нашиот тим, а во вториот дел Вардар ги имаше и највисоките +8 голови предност или 12-20. Во финишот Динамо успеа да ја намали разликата и да се избори за достоен пораз од 23-27.

Мартин Поповски со шест погодоци беше најефикасен кај Вардар, пет постигна Даинис Криштопанс, додека четири пати во листата на стрелци се запиша Хорхе Македа.

Во последните два натпревари од регуларниот дел од сезоната Вардар игра со Нексе на домашен терен и гостува кај Војводина.

На врвот на табелата шампионот има 46 бодови или 15 победи и едно реми од вкупно 16 натпревари.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ