ВАРДАР И МЕТАЛУРГ ВО ТЕРМИН ОД 20.30 СО ПРЕНОС НА ТВ ТЕЛМА

Дерби мечот од 5.коло во домашната машка ракометна  Супер лига помеѓу Вардар и Металург ќе се игра утре (04.05.2018) во СЦ Јане Санданско во нов термин од 20.30.Вардар  неодамна ја одбрани  титулата во  Сеха лигата,избори пласман на Ф4 во Келн од ЛШ и успешно ги одработи заостанатите мечеви од домашното првенство.Црвено-црните со максимален  ефект  од 4 средби влегуваат во дербито со Металург.Тимот од Автокоманда неочекува  загуби два бода на гостувањето кај Работник во Битола играјки реми од 27-27.Во тековната сезона, двете страни имаа дуели во Сеха лигата,и двата ги доби Вардар со 23-32 како гостин и 31-24 како домаќин.Влезот за дебрито во СЦ Јане Сандански е слободен.Дуелот на двете  најквалитетни македонски машки ракометни екипи кои настапуваат на три фронта последиве сезони ќе се емитува директно на ТВ Телма од 20.30.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ