Вардар и Металург се избегнаа, скопско-битолски пресметки во полуфиналето од Купот

Актуелниот првак Вардар го доби Пелистер за противник во полуфиналето од ракометниот Куп на Македонија што ќе се одржи во Битола на 18 и 19 мај. На извлекувањето на двојките во просториите на Ракометната федерација на Македонија се избегнаа „црвено црните“ и Металург кој за противник во второто полуфинале ќе го има Еурофарм Работник.

Во петок на 18 мај се закажани двете полуфиналиња во салата „Младост“, еден ден подоцна ќе се одигра финалето.

Дводневната завршница во Купот на Македонија ќе биде емитувана на ТВ Телма.

Двојки полуфинале (мажи) – 18 мај:

РК Еурофарм Работник – РК Металург
РК Вардар – РК Пелистер

Финале 19 мај – 16:30 час

Двојки – полуфинале (жени) 19 мај:

ЖРК Металург – ЖРК Вардар Јуниор
ЖРК Пелистер – ЖРК Вардар

Финале 20 мај – 13:00 час

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ