Вардар го доби Монпелје за противник во полуфиналето на „Ф4“ во Келн

Вардар го доби Монпелје за противник во полуфиналето на деветото издание од фајнал фор турнирот во Келн. Францускиот тим прв ќе им застане на патот на „црвено црните“ кон одбраната на титулата во ракометната Лига на шампиони.

Македонскиот првак го избегна ланскиот противник за пехарот екипата на ПСЖ, која во второто полуфинале во француското дерби се среќава со Нант за кого настапува капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров.

Вардар има историска шанса да стане првиот тим што ја одбранил титулата откако е воведен овој формат на завршницата во Лигата на шампиони.

Фајнал фор турнирот во „Ланксес“ арената ќе стартува на 26 мај со полуфиналните натпревари, Нант – ПСЖ и Вардар – Монпелје. Еден ден подоцна на 27 мај ќе се одигра финалето и натпреварот за трето место.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ