ВАРДАР ГО ДОБИ ДЕРБИТО СО ЗАГРЕБ

Вардар го победи  Загреб со   28-26   и му се реваншираше сезонава во Сеха лигата на хрватскиот шампион за  поразот од  6.коло.Македонскиот првак со 13-от  триумф се искачи осамен на врвот од табелата   во  неизвесен меч кој почна со изненадувачко водство на гостите кои беа во позитива  до 17 минута.Вардар во СЦ Јане Сандански успеа да избори 13-12 на  полувремето,со веќе јасна слика дека ке мора да се потроши  повеќе од планираното  пред важниот меч со Монпеље во Лигата на шапионите.Во игра гол за гол , Вардар успеа во  завршните 6 минути да стигне со плус два и да ја одржува разликата  со прецизните  удари на Карачиќ за победнички финиш.Дисингер со 7 голови беше прв стрелец на Вардар.Помеѓу стативите, Гедбане  имаше 10 интервенции.Сршен со 8 погодоци кај Загреб беше најефикасниот на дербито.Во наредното коло,Вардар на 5 март го пречекува Мешков Брест

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ