Вардар атакува на триумф против Веспрем

Ракометарите на Вардар попладнево од 17 часот и 30 минути пред своите навивачи го пречекуваат тимот на Веспрем кој е директен конкурент на нашиот првак во битката за втората позиција на табелата во А групата.

Ракометарите на Вардар во првиот дуел пред своите навивачи во продолжението од сезоната во шампионската лига го пречекуваат добро познатиот ривал Веспрем и со триумф ќе го потврдат второто место на табелата.

Тренерот Роберто Гарсија Парондо денеска ќе може да смета на Вуко Борозан и Рожерио Мораеш кои ќе бидат дополнително засилување за “црвено црниот” тим.

Влезници за денешниот меч нема, а полните трибини на Спортскиот центар Јане Сандански ќе бидат дополнителен мотив за ракометарите конечно да ја забележат првата победа во меѓусебните соочувања со Унгарците во елитното натпреварување.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ