Вајлдер против Брезил пренос на Телма во 3:15 часот

В недела во 3 часот и 15 минути по македонско време во Бруклин ќе се соочат актуелниот шампион во тешка категорија во ВБЦ верзијата, Дионтеј Вајлдер и Доминик Брезил, а ќе можете да го следите низ директен пренос на Телма.

Иако се очекуваше Вајлдер да се соочи со Тајсон Фјури, актуелниот првак во рингот во Бруклин за противник ќе го има Брезил. 23 годишниот боксер во претходните 21 меч има 20 победи и еден пораз, а од 20-те триумфи дури 18 ги решил пред истекот на предвидениот број на рунди.

Единствениот пораз Брезил го бележи во јуни 2016-тата кога во Лондон во седмата рунда е нокаутиран од Ентони Џошуа. Вајлдер се смета за апсолутен фаворит во овој дуел кој треба да биде вовед пред мечот на деценијата во кој според најавите до крајот на годинава ќе се соочи со Џошуа во долго очекуваниот дуел за апсолутен светски првак во тешка категорија.

Воведната емисија пред вечерашниот меч ќе ја следите на нашата програма од 21 часот и 30 минути, а директниот пренос стартува в недела наутро во три и петнаесет.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ