Вајдлер и Фјури ќе боксуваат во мај

На само 24 часа пред истекот на рокот за договор за одржување на реванш дуелот меѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури двете страни решија второто соочување да биде на 18 мај во Њујорк.

Британските медиуми веќе почнаа да шпекулираат и со сумите кои менаџерите ги договорија како награди за двајцата боксери. Фјури ќе заработи 23 милиони долари додека неговиот противник се најавува дека ќе инкасира четири милиони повеќе. Од тимот на Фјури веќе информираа дека деветте милиони кои Британецот ги заработи од првиот меч веќе се исплатени во добротворни цели.

Претходно е објавен датумот на следниот меч на Антони Џошуа, кој на први јуни во Медисон Сквер Гарден во Њујорк ќе боксува против Џерел Милер.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ