ВАДА со нова контрола на руските лаборатории

Делегација на Светската анти-допинг агенција допатува во Москва на разговори со претставници на руската влада во обид да се дојде до точни податоци од тестирањата во руските лаборатории во изминативе години.

Русија до 31 декември мора да достави целосна документација со резултатите од земените примероци од спортистите или во спротивно ризикува нова суспензија од страна на сите светски асоцијации и тоа само два месеци по контроверзната одлука за добивање на лиценца за работа.

ВАДА во опсежната истрага најде докази дека Русија системски ги фалсификувала резултатите од тестовите вклучувајќи ги и оние за време на Зимските олимписки игри во Сочи пред четири години што резултираше со забрана на настап на огромен број на спортисти на големите натпреварувања.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ