Утре жрепката за Еуро 2020, Македонија во петтиот сад

Утре точно на пладне во Даблин ќе се одржи жрепката за квалификациите за Европското првенство што ќе се одржи во 2020 година.

Репрезентацијата на Македонија е сместена во петтиот сад, но нашиот тим има полесна можност да стигне до завршницата на континенталното првенство бидејќи обезбеди пласман во разигрувањето од Лигата на нации.

Следниот шампионат ќе се одржи во повеќе земји, а УЕФА реши да направи мали измени во системот на одредување на групите и нема да се дозволи две репрезентации кои ќе бидат домаќини да се најдат во иста квалификациска група.

Така според правилото во иста група не можат да се најдат селекциите на Азербејџан, Данска, Англија, Германија, Унгарија, Италија, Холандија, Република Ирска, Романија, Русија, Шкотска и Шпанија.

Квалификациите за Европското првенство ќе се одржат во периодот од март до ноември 2019 година, а двете првопласирани сигурно обезбедуваат учество на шампионатот, а останатите четири места ќе се пополнат со победниците од разигрувањето во сите четири сегменти од Лигата на нации.

 

САД ЛИГА НА НАЦИИ: Португалија, Англија, Холандија, Швајцарија

САД 1: Белгија, Франција, Шпанија, Италија, Хрватска, Полска

САД 2: Германија, Исланд, Босна и Херцеговина, Украина, Данска, Шведска, Русија, Австрија, Велс, Чешка

САД 3: Словачка, Турција, Република Ирска, Северна Ирска, Шкотска, Норвешка, Србија, Финска, Бугарија, Израел

САД 4: Унгарија, Романија, Грција, Албанија, Црна Гора, Кипар, Естонија, Словенија, Литванија, Грузија

САД 5: МАКЕДОНИЈА, Косово, Белорусија, Луксембург, Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија, Гибралтар, Фарски острови

САД 6: Летонија, Лихтенштајн, Андора, Малта, Сан Марино

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ