Уставниот суд тврди дека се врши директен упад во неговата работа

Уставниот суд  смета дека со коментарите и прејудицирањата околу нивната одлука да поведе постапка за оспорениот член од законот, се врши директен упад, и притисок врз нормалното функционирање на судот и неосновано се повредува угледот на судот и честа и личноста на уставните судии.

Во соопштението на судот пишува дека прејудицирањата на судските одлуки со политички а не со правни аргументи, не е во интерес на напорите за изградба на владеење на правото и правната држава.

За уставниот суд е неприфатливо некој да се меша или да влијае во неговата работа и одлучувањето.

Одлуките на уставниот суд се конечни и извршни и секој е должен да ги почитува уставот и законите, пишува во соопштението од уставниот суд.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ