Усик и натаму на тронот и најави борба со Џошуа

По триумфот со нокаут во осмата рунда во мечот против Тони Белју, Украинецот Александар Усик и натаму останува на тронот во лесно-тешка категорија.

Триесет и едно годишниот Усик доминираше во текот на целиот меч против предизвикувачот од Велика Британија, а во осмата рунда со серија прецизни удари го нокаутираше противникот и успеа да стигне до триумф и да остане апсолутен шампион во оваа категорија.

По 16-тата победа во исто толку настапи на професионалниот ринг Усик најави дека во блиска иднина ќе се обиде да го предизвика првакот во тешка категорија Ентони Џошуа и се очекува овој голем дуел да се одржи во текот на следната година.

По поразот во вчерашниот меч Белју најави дека ова е негова последна борба во професионалната кариера.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ