Урбана акција во Скопје за заштита од корона вирусот

Уметниците со свој прилог во превензијата против ширењето на Ковид-19. На плоштадот Македонија, поставија инсталација од стиропор, насловена „ Држате растојание“, која со известувања на македонски и англиски јазик ги предупредува граѓаните дека треба да останат на дистанца меѓу себе, да не се поздравуваат, гушкаат и бакнуваат, за да не се шири заразата. Групата автори кои и самите ја изработиле инсталацијата во фази и по секвенци, без  директен контакт меѓу нив, велат дека добиле идеја за неа од ризичната близина меѓу граѓаните кога одат во супер маркетите и во аптеките.

  • Луѓето на каси во супер маркети, во аптеки си дишат во врат, едни на други, што е апсолутно против сите препораки и пробуваме на најдобар начин што можеме како луѓе од културата и уметноста буквано и пластично да им помогнеме да сфатат дека држењето дистанца помеѓу нив е многу важно и основна работа за спречување на ширење, еднакво како и миење раце- Никола Писарев.
  • Со оваа уметничка акција сметаме дека ќе придонесеме за ширење за свеста за овој проблем што ја зафати оваа наша држава- Андреј Митевски.
Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Култура

Уметниците и работниците од независната културна сцена бараат од Владата да формира Специјален фонд за субвенции поради кризата со корона вирусот

Кризата со корона вирусот сериозно ја загрозува егзистенцијата на уметниците и културните работници од независната...