Унгарецот Трочањи предложен да го наследи Хан како комесар за проширување

Новата шефица на Европската комисија Урсула фон Дер Лајен денеска го презентираше својот избор на комесари кои треба да ги креираат политиките на Унијата во идните пет години.

Сакам комисија која ќе биде водена од решителност, која јасно ќе биде фокусирана на прашањата пред неа и која ќе дава одговори, изјави фон Дер Лајен.

Таа меѓу петте потпретседатели на Комисијата го назначи актуелчниот министер за надворешни работи на Шпанија, Хозе Борел за шеф на европската дипломатија, работа која досега ја извршуваше на Федерика Могерини. Позицијата која ја презема Борел е преименувано во Висок претставник и потпретседател за посилна Европа во светот.

Оваа комсиија ќе бид егеополитичка комисија. Сакам ЕУ  и Комсиијата да биде чувар на мултилатерализмот бидејќи знаме дека сме посилни ако го работиме заедно она што не го можеме сами, изјави фон Дер Лајен.

Клучната позиција за регионов во новата Комисија на Фон дер Лајен, шеф на комесаријатот за соседска политика и проширување, му припадна Ласло Трочањи, министер за правда на Унгарија до мај оваа година, кога е избран за пратеник во Европскиот парламент. Трочањи кој беше министер за правда на Унгарија од 2014 до годинава, се смета за архитектот на новиот судски ситем во земјата, со која се беа лимитирани ингеренциите на судовите. Тој како министер во владата на Виктор Орбан воведе и низа од закони со кои дојде во судир со Европската комисија поради што земјата доби тужба од Комисијата за системско нарушување на владеењето на правото. Меѓу тие закони беше криминализацијата на граѓанскиот сектор за помагање на мигрантите, но и мерките со кои Централно европскиот универзитете беше принуден да ја напушти Унгарија. Според унгарските медиуми тој е и еден од креаторите на уставните измени што го поставија унгарскиот суверенитет над законодавството на ЕУ.

Досегашниот комесар за порширување, Австриецот Јоханес Хан ќе продолжи да биде еврокомесар, но во идните пет години задолжен за буџет и администрација. Во комисијата на германката Фон Дер Лајен, освен Хан остануваат уште четири имања од претходниот состав, а ќе им се придружи и досегашниот главен портпарол на комсијата, Марагаритис Шибнас, кој на предлог на Грција е еден од петте потпретседатели на Комисијат, задолжен за Заштитата на европскиот начин на живот.

Изборот на имиња на Урсула фон Дер Лајен треба да биде потврде од Европскиот парламент. Претходно сите нејзини избраници ќе поминат низ сослушување на кое парламентарците ќе ја утврдуваат нивната компетенција за позцијата за која се избрани. Доколку биде изгласана, новата Европска комисија треба да ја преземе функцијата од старата на 1 ноември.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ