Уметност во време на корона криза

Секое зло за добро, многу пати велат старите, за да ве утешат. Па така и во оваа ситуација колку и да звучи парадоксално кога Ковид 19 го парализираше целиот свет многумина за прв пат си го поставија прашањето како би изгледал светот без можноста да проследите концерт, театарска претстава и изложба. Сепак интернет им понуди решение барем за миг низ виртуелни прошетки низ музеите, театрите и концертните сали.

Тоа што може да се следи. Гледам дека повеќето театри даваат претстави он лине што може да се следат. Неколку изгледав, меѓутоа не се. Она што може паралелно да го следиме…

Секоја планина со својата тежина. Ги прашувате најмладите дали следат култура на интернет тие замислени со своите грижи.

Се следиме од школо што ќе ни дадат, исто така домашна добиваме  и се. Ама сега не ве прашувам за домашни туку настани од културата? А да преку интернет најчесто гледам сите концерти кои требале да се одржат во живо ги гледам само кога креаторот ќе ги одржи.

Фалат и Театар за деца бидејќи одиме обавезно два пати неделно сме посетувале. Но се надеваме дека брзо ќе помине сето ова.

Мислам дека е вистинско уживање на овој начин да проследиш артисти кои  што си немал можност да ги слушнеш или пак можеби не те интересирале воопшто претходно. Едноставно се информираш за нешто што е сосема ново. Мене тоа ми се случи со поголем број артисти кои настапија со класична музика на пример, вели Зоран Ристевски, диџеј.

Ваквите иницијатива на Град Скопје „Култура во време на Корона “е важна и поради фактот дека излезе во пресрет за голем број уметници кои за прв пат се соочија со ваква ситуација во време на пандемија, вели Ристевски.

  • Еве за пример ќе земам јас по многу години работа останав без примања и ова ќе ми дојде фино да покријам некакви сметки. Секако во иднина ќе ги советувам младите, да се едуцираат и да имаат некоја екстра професија која што би ја работеле и покрај тоа што вистински го сакаат. За среќа целиот овој момент фрли голема светлина врз уметноста и културата.

Сепак и уметниците и публиката се радуваат на таа повторна нивна средба со нова драж во која ќе ги откриме нештата за кои не сме биле свесни пред да настапи на сцена Ковид 19.

 

Нина Стефанова

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ