Укинати се трговски бариери помеѓу Косово и Македонија

Косово ја укина забраната за увоз на мед и компир од земјава, а Македонија повторно го стави Косово на листата земји од кои е дозволен увоз на икра и подмладок од риба.

Бектеши уште еднаш потврди дека нема штета од забраната која беше воведена пред околу еден месец.

На 16 август Косово забрани да се  увезува  компири и мед од Македонија , како одговор на забраната што земјава ја воведе за увозот на риба за порибување од кај нив. Две недели подоцна, министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрит Шала испрати писмо до Бектеши со кое го информираше дека Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово ги испратила потребната документи до  нашата агенцијата ,со кои се докажува дека се исполнетаат условите за увоз на икра и материјал за порибување.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ