Угостители: Кредитите не ги сакаме, Владата да се погрижи за 15.000 работници кои веќе се одјавени

Кредитите не ги сакаме, а Владата да се погрижи за работниците, бидејќи до сега се отпуштени околу 15.000 лица од угостителскиот сектор, кој брои вкупно 29.000 работници. Ова денес и го порачаа на Владата илјадници угостители од земјава, групирани во Туристичко-угостителската комора при ССК. Велат економските мерки нема да ги користат оти тие не се доволни, рестриктивни се и само ќе ги дозадолжат.

„Сакаме да и соопштиме на Владата дека угостителскиот сектор односно субјектите кои ги застапуваме нема да ги користат најавените мерки и дека средствата можат да ги насочат директно кон сите оние кои остануваат без работа или во сектори кои што мислат дека ќе постигнат ефект. Веќе е почнат процесот на одјавување и по наши информации повеќе од 60 проценти низ цела Македонија се одјавени вработените. Точна бројка немаме, она што го имам јас како неофицијална информација е дека се ближи до бројката 15.000.“- изјави Ангеловски.

Според Ангеловски,  субвенциите за плата од 14.500 денари, според најавите нема да можат да ги користат оние кои користат друга субвенција како таа за зголемување на платите во стопанството.

Дека мерките на владата за спас на економијата се неупотребливи, и мал дел од компаниите ќе успеат да стигнат до нив, реагираат и експертите. Велат мораше да се донесе национална стратегија за спас на стопанството, зошто во ваква ситуација која никој не знае колку ќе трае покрај стопанството ќе настрада и буџетот бидејќи ќе нема кој да го полни.

„Мерките се скоро неостварливи. Еве сега ќе кажам зошто. Тие што се полоши компании не ги платиле даноците,едноставно немаат, не работеле, не ги платиле.не полошти, пофрагилни. Тие што с епостабилни можат да земата но тогаш ќе се осудат дека до крајот на годината се откажуваат од сите останати мерки, субвенции, права, хонорари, добивки, награди итн. Едноставно се направени така за да ги гледате, а да не сакате и да не посакате да ги искористите“- изјави експертот Горан Рафајловски.

Според Бизнис конфедерацијата пак, тешко се стигнува и до бескаматните кредити. Требаат документи од институциите за кои се чека, а услов е и да се платени давачките кон државата, што за многу стопанственци е проблем бидејќи во март имале и нула промет.

„Во моментот дознаваме дека поднесени се барања з аоколу 3 милиони евра од средставта од обезбедените 5,7милиони евра, меѓутоа многу мал е бројот на издадени или одобрени кредити, поточно заради условите и заради потешкотиите ки во меѓувреме се јавуваат“.- вели Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата на Макеоднија.

И покрај сите апели пак Владата е убедена дека со вториот пакет економски мерки тежок 200 милини евра ќе се сочуваат 250.000 работни места преку исплата на минимална плата од 14.500 денари за компаниите од погодените сектори.

 

Александра Филиповска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ