УЕФА со предлог шампионатите да завршат во јули

Според весникот Кориере дела Сера, УЕФА разгледува две опции за комплетирање на сезоната. Првата е националните шампионати да продолжат на 15 мај и да завршат до крајот на јуни со можност поради пандемијата првенствата да почнат две недели подоцна, а да се заклучат најдоцна до средината на јули.

Натпреварите би се играле со забрзано темпо со најмногу три натпревари во текот на неделата. Што се однесува до завршницата во Лигата на шампионите и Лига Европа календарот ќе се прилагоди на термините во националните првенства.

Се шпекулира дека има и уште една поекстремна варијанта, а таа мечевите да се играат и во август и во тој случај новата сезона би почнала кон средината на септември.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ