УЕФА немаше милост кон Нејмар: Ѕвездата на ПСЖ суспендиранa три натпревари

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар заработи суспензија од три натпревари од УЕФА, поради тоа што на „Инстаграм“ ги навредуваше судиите по дуелот со Манчестер јунајтед во Лигата на шампиони.

Бразилецот не играше на двомечот во рамки на осминафиналето поради повреда, но беше исфрустриран поради елиминацијата на неговиот тим со пенал во судиското продолжение. Тој ја нарече одлуката на судијата Дамир Скомина, „срамотна“.

Јунајтед славеше со 3-1 во Париз и го надомести поразот од 2-0 на домашен терен. Казната значи дека Нејмар идната сезона ќе ја пропушти првата половина од групната фаза.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ