УЕФА ГО ОБЈАВИ ТИМОТ НА ГОДИНАТА

Европската фудбалска федерација  го објави Тимот на 2018 година, составен од најдобрите играчи  во европски клубови за изминатите 12 месеци како резултат на гласањето на сајтот на УЕФА. Европскиот  шампион Реал Мадрид има  најмногу претставници ,квартет без Роналдо кој во текот на летниот преоден рок се пресели кај Јувентус.

Најдобар голман е Марк Андре Тер Штеген од Барселона.Во одбраната кон фудбалерите на Реал во состав Серхио Рамос ,Рафаел Варан и Марсело влезе и дефанзивецот на Ливерпул,Вирџил Ван Дајк. Н’Голо Канте и  Еден Азар од  Челси му прават друштво во средниот ред  на  фудбалерот на годината Лука Модриќ од Реал кој доби и најмногу гласови.Во нападот избрани  се Кристијано Роналдо од Јувентус, Лионел Меси од Барселона и офанзивецот на ПСЖ ,Килијан Мбапе.Во гласањето учествуваа околу 1 милион и 800 илјади  посетители на УЕФА сајтот.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ