Учесниците во ЛШ и ЛЕ на засилувања потрошиле 4 милијарди евра

Во извештајот кој го објави УЕФА во кој е анализирана трансфер активноста на клубовите кои се дел од клупските натпреварувања пресметано е дека за засилувања се потрошени рекордни четири милијарди евра.

Сумата е двојно поголема во однос на онаа од пред една година, а 80-те клуба кои ќе се натпреваруваат во Лигата на шампионите и Лига Европа потрошиле вкупно 58 проценти од парите кои се вложени во нови имиња во текот на преодниот рок ова лето.

Во анализата се потенцира дека 45 отсто од клубовите во текот на преодниот рок го надминале рекордот на сумите од минатото за ангажирање на нови фудбалери.

Најголем процент од засилувањата или 46 отсто се играчи меѓу 21 и 24 години, а само седум се фудбалери кои се повозрасни од 28. Скоро 70 проценти од новите имиња се фудбалери со кои се засилува одбраната и нападот додека останатите 30 се голмани и играчи од средината на теренот. 80-те клуба во текот на преодниот рок од продажба на играчите заедно заработиле скромни 193 милиони евра, а вкупниот обрт на пари во текот на минатата година изнесува рекордни 11,7 милијарди евра.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ