Убедлив пораз на македонските ракометарки во Шведска

Македонската женска ракометна репрезентација доживеа убедлив пораз од Шведска со 35-26 во првото коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Нашите ракометарки во ниту еден момент не можеа да му се спротивстават на фаворитот за првото место во групата.

Избраничките на селекторот Симе Симовски можеа да парираат само во почетните минути некаде до резултат 9-8 за домаќинот. Потоа Шведска направи серија од 4-0 и дојде до првата опиплива предност. На полувремето резултатот гласеше 20-13. Негативата на нашата репрезентација беше и двоцифрена со највисоки -13, но во самиот финиш со серија од 4-0 се изборивме за нето попристоен пораз од 35-26.

Сара Ристовска со пет голови беше најефикасна во нашиот табор, а по четири постигнаа Симона Стојановска и Елена Ливриниќ.

Нашата репрезентација во сабота на домашен терен во „Борис Трајковски“ во Скопје ја пречекува Чешка во рамки на 2.коло од квалификациите. Во првиот натпревар Чешка ја совлада Португалија со 31-20.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ