Уапсена директорката на „Хуавеи“

Во многу чувствителен момент за односите Кина – Америка, на барање на Америка уапсена е една од водечките менаџерки на една од најголемите кинески и светски телекомуникациски компании, а воедно и ќерка на основачот на Хуаевеи.
Менг Ванг-жоу била задржана на аеродромот во Канада на 1 декември меѓу два лета, а деталите за апсењето не се објавени на нејзино барање, што канадската страна го испочитувала. Она што го претпоставуваат американските медиуми е дека САД ја обвинува компанијата Хуавеи за кршење на санкциите против Иран, најверојатно во областа за испорака на телекомуникациска опрема. Од Хуавеи, одлучно ја демантираат оваа можност, и велат дека строги ги почитуваат законите и меѓународните санкции, а кинеската амбасада во Канада побара да ја ослободат нивната државјанка. Канада порачува дека апсењето е по потерница која ја издале САД и дека во петок ќе се одлучува за евентуална кауција.
Компанијата Хуавеи е една од најголемите производители на телекомуникациска опрема, и е пред американскиот Епл. Често е мета на јавни обвинувања на Западот дека со својата опрема и овомзожува на Кина да шпионира други земји, што Хуавеи постојано негира поврзаност со државата.
Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ