Уапсен државниот секретар во Министерството за аминистрација

Јахи Јахиу, државен секретар од редовите на ДУИ во министарството за информатичко општество утрово е приведен поради сомнение за злуопотреба на службената положба и финансиски малверазции.

Според првичните и неофицијални информации, станува збор за злоупотреба на средства од ИПА фондови. Делото е извршено во 2014 и 2015 година, а покрај Јахиу осомничено е уште едно лице кое не е достапно за обвинителството, како и правно лице, односно фирма од Македонија.

Инаку акцијата е изведена во соработка со италијанската полиција. За истиот случај денеска и миланската полиција врши претсреси и приведувања, но официјални инфромации оттаму се најавени за утре.

Јахиу од 2001 година работи во агенцијата за администрација, а од 2011 година ја извршуива сегашната функција државен секретар во министерството.

Спорерд информациите на Телма, ова не е прв пат Јахиу да биде во судир со заканот. Тој во 2005 година  е пријавен за изброни нерегуларности, односно кршење на гласачки кутии но наредната 2006 делото е преквалификувано во поблаго и тој е осуѕден на праична казна.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ