ТВ Вис не се предава по пожарот – вести од нога во холот на Дом на АРМ – Струмица

По пожарот во кој изгоре опремата и просториите на регионалната ТВ Канал ВИС во зградата од поранешната струмичка касарана, редакцијата времено почна да работи од просториите на Домот на АРМ благодарение на општина Струмица. Сите новинари во наредниот период  времено ќе продуцираат вести и информации од овој објект со цел сите аудиторумот од Југоистокот да добие навремени информации посебно сега во период на вонредна состојба со коронавирусот.

Вестите и информациите гледачите на ТВ Канал Вис ќе можат да ги следат на официјалната ФБ фан страна на Канал ВИС се до нормализирањето на условите за работа и пуштањето сигнал во етерот на ова телевизија која безмалку функционира 30  години. Освен на својата официјална ФБ страна  медиумските содржини  гледачите на ова телевизија ќе можат да ги следат и на официјалниот јутјуб канал на ТВ Канал ВИС

Вчера од засега непознати причини избувна пожар во зграда на струмичката касарна каде што беа сместени повеќе правни субјекти меѓу кои и регионалната телевизија Канал ВИС. Од пожарот направена е огромна матријална штета. Во телевизијата изгореа студијата, техничките одделенија и редакцискиот простор. Штети има и кај другите субјекти кои со години функционираа во ова зграда

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ