Тутунската мафија користела граѓани за пари за да оснoва фирми за увоз на тутун

Тутунската мафија освен шти ги изиграла законите во земјата во неколку наврати измамила и лица кои прифатиле да бидат дел од фирмите кои што се занимавале со шверцот на тутун.

Детали кои протекуваат од истрагата говорат дека странски државјани за одредена сума искористувале лица од социјално ранливите категории за да осниваат фирми преку кои ќе се изврши узвот.

По 3-4 тури увоз, увезениот тутун набрзина бил распродаван во неколку палниснки села, фирмите биле затворани, а жителите го режеле, пакувале и продавале тутнот на пазараите.

На вистинските сопственици на акцизната стока им се губи трага. Досегашната истрага покажала дека 4 фантом фирми од крајот 2017-та навака учестувале во „тобако бизнисот“ во земјата, а ваквите тврдења синоќа во телевизиско гостување ги потврди и директорт на финансиксата полиција.

„Тие правни субјекти се основани од физички лица кои не се наши државјани, туку се со фалсификувани документи, каде личната карта е со едно име, а фотографијата од друго лице и не можеме да го идентификуваме вистинскиот правен субјект, оној кој увезува. Утврдивме дека други лица се тие кои стојат зад тие фирми.“ – вели Муареми.

Шемата на измамата е покомплексна отколку што открива Муареми.

Според, претходниот закон за тутун за да можеш да се занимаваш со дејности поврзани со тутун, фирмата освен управител мора да има вработено и дипломиран агроном.

Да ја прикаже тековната сметка и да уплати 1500 денари за барање за упис во регистарот за фирми со ваква дејност. Во периодот на жнеење црн профит на овие фирми тие решенијата ги добивале во министерството за економија.

Ако се погледне официјалниот список во Македонија во моментот 41 фирма има валидно решение да откупува, продава, увезува или извезува тутун и прозиводи од тутун.

Во државниот инспекторат за животна средина се само 12 фирми со ваква дејност меќу кои и светските брендови „Империјал Тобако“ и „Филип Морис“. Засега истрагата не дозволува овие институции да се изјаснат во јавноста како 4 фирми успеале да ги исполнат законските услови да завратат милионски суми на црниот пазар и да си заминат од пазарот без одговорност.

По акцијата во скопски Љуботен во која мета на финансиската полиција беа

12-те тони запленет тутун, но и информации од 6-тмина жители кај кои беа пронајдени, денот заврши без ниту една кривична пријава, а со неколку распрашани жители на Љуботен.

Најавите на финансиските истражители е дека во Македонија царувала балканска тобако мафија, која на легален или нелегален начин шверцувала тутун од американската сорта „Вирџинија“.

Тутунот пристигал до сите соседени земји, а по примитивна обработка се продавал на пазарите како готов за производ за кои не е платена акциза.

Павле Беловски

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ