Туск и Ципрас ќе се сретнат за спорот за името

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, попладнево ќе разговара со грчкиот премиер Алексис Ципрас околу подготовката на Самитот во Софија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Туск и Ципрас ќе разговараат за спорот со името и напредокот во преговорите, информираат високи дипломатски извори во Брисел.

– ЕУ не очекува спорот да се реши неделава, но би сакала Македонија и Грција да дојдат до компромис на почетокот на јуни, за да можат лидерите на ЕУ да ја одобрат препораката на Европската Комисија за почеток на преговори дадена во април, изјави висок дипломатски извор во Европскиот Совет.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ