Турканици пред УЈП

Претпладнево, турканици пред УЈП. Неколку десетици граѓани дојдоа по документи кои ќе им овозможат аплицирање за бескаматните кредити што ги најави Владата. Сите чекаа на скалите пред главниот влез бидејќи Управата, како мерка на претпазливост од корона, не дозволува влегување во нејзините простории. Попладнево, УЈП соопшти дека утре ќе го продолжи времето за прием на странки, па наместо до 12 часот, ќе работи од 8 до 14 часот. Истовремено, УЈП апелира даночните обврзници да не доаѓаат лично туку барањата да ги упатуваат на линкот е-даноци. Од УЈП треба да се добие уверение за платени даноци и придонеси, што ќе послужи за аплицирање пред Развојната банка на Македонија.

Централниот регистар соопшти дека потребните документи може да се извадат по електронски пат, потпишани со дигитален потпис. Се работи за тековна состојба, листинг од завршна сметка за 2019-та, потврда за стечајна и ликвидациона постапка

Со одлука на Владата, фирмите до 10 вработени може да земат безкаматен кредит од 3 до 5 илјади евра, оние со 10 до 50 вработени – 10 до 15 илјади евра, а компаниите со 50 до 250 вработени – 15 до 30 илјади евра. Кредитот ќе се отплаќа две години со грејс период од шест месеци. Оваа кредитна поддршка е наменета за секторите угостителство, туризам и товарен транспорт.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ