Туристите ја напуштаат Грција

Вистински пекол преживеале туристите кои синоќа се нашле среде невремето што ги зафати туристичките места во Халкидики. Од силниот дожд и ветер не се гледал прст пред око, а насекаде летале дрвја, делови од кровови, прозорци и огради.  Страшни искуства споделија дел од туристите кои денеска ја минуваа македонско – грчката граница.

Големото невреме најмногу  го зафатило.  Оние што биле на одмор на други туристички локации на Егејското Море, имале пријатен одмор, а за големата штета и трагедија разбрале од медиумите.

Со полн капацитет работат контролните кабини на граничните премини. Протокот на патници се одвива без застои и долги чекања.

Во синоќешното невреме настрадаа седумина туристи, а дваесетина се повредени. Грчките власти препорачуваат да граѓаните да не се движат непотребно низ улиците и патиштата во погодените туристички места дури не се нормализира состојбата.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ