Цивил бара да се укинат привилегиите на пратениците

Невладината „Цивил“ бара од Собранието да се укинат сите привилегии и бенефиции на државните функционери, почнувајќи од поранешните претседатели па се до пратениците, министрите и директорите на јавните претпријатија. Сметаат дека е недозволиво и бесмислено да се трошат огромни суми пари за нивен раскош. Градоначалниците како и функционерите во законодавната и извршната власт да се откажат од луксузните автомобили, патните и репрезентативни трошоци, скапите патувања, луксузниот мебел. Апанажите да се укинат или пак да се сведат на минимум. Повод за поднесената иницијатива се привилегиите на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов кој ќе ја чини државата 165.000 евра годишно.

Политичарите многу не се располжени да говорат на тема која е поврзана со нивните бенефиции. Пратеничката група на СДСМ се согласува да се отвори прашањето но не за укинување туку за намалување на привилегиите.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се произјасни откако ќе ја разгледа поднесената иницијативата но за нив ова е плагијат на програмата која ја промовираше во кампањата Гордана Силјановска Давкова.

И партиите на Албанците се воздржани од каков било коментар.Цивил се надева дека нивниот предлог ќе биде прифатен и ќе се ревидираат  сите законски регулативи според кои им се даваат прекумерни повластици и на  актуелните и на функционерите во заминување .

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ