Царовска: Нема да се менува старосната граница за пензионирање

Нема да се покачува старосната граница за заминување во пензија. Иако сеуште траат проценките и анализите на домашните и експертите од Светска банка за подобрување на состојбата во Фондот за ПИОМ, Министерката за Труд, Мила Царовска, тврди дека промени во овој најчуствителен дел за граѓаните, нема да има.

„Пензиите во моментов се стабилни и безбедни, но ние не се интересираме само за сегашните туку и за идните пензионери.Редовно ги усогласуваме пензиите а ДПМНЕ 2 години немаше предвидено средства.Наскоро ќе излеземе со планот за стабилизација, повторувам покачување нма старосната граница нема да има иако многу пати излегоа такви информации“, кажа Мила Царовска, министер за труд и социјала.

Во ситуација кога исплатата на пензиите зависи од трансферите кои се правата од државниот буџет,планот за стабилизација на пензискиот систем треба да даде решение за намалување на таквата зависност но и гаранции за идните пензионери.Проблемот според Свестка банка може да се реши на неколку начини,но владата треба да одлучи што ќе прифати.

„Има многу можности. Возраста за пензионирање е само една. Ние го даваме целото мени со опции, а не само возраста за пензионирање. Симулацијата предвидува колкаво ќе биде влијанието, некои решенија се потешки од политичка гледна точка а други се побрзи. Прашање е која комбинација ќе ја усвои владата, но сеуште сме далеку од тоа“, кажа Марко Мантованели од Светска Банка.

ММФ неодамна укажа дека испразнетиот ПИОМ може да се спаси ако во пензија се оди две години подоцна од сега, во спротивно дефицитот од 4,5 % од БДП до 2030 ќе достигне 10,5%. Пензионирање на 64 односно 66 години е една од опциите и на домашните експерти. А позитивни ефекти врз пензискиот систем според нив ќе даде и зголемувањето на приоднесите со основна претпоставка дека пензиите ќе растат но само во рамки на законскиот максимум.

Годинава за редовна исплата на пензиите треба да се издвојат 880 мил. евра во 2019 год. 918 мил евра а во 2020 год 968 мил евра.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ