Тројца скопјани се шетале по 21 часот и добија по 2000 евра казни

Јавното обвинителство бара казна од по 2000 евра за тројца скопјани кои вчера не го почитувале полицискиот час.  На ниво на цела држава по 21 часот полицијата евидентирала 46 лица кои не ја почитувале забраната за движење. 17 се приведени, додека за останатите се изготвени записници.

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 217 лица потпишале  изјава  за самоизолација.  Полициските службеници во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирано е  дека во два различни случаи, две лица што биле во самоизолација не се затекнати во  својот дом.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ