Триумфален старт на шампионот Шпанија

Актуелниот европски првак Шпанија со победа го отвори настапот на континенталниот шампионат. Црвената фурија во првиот натпревар во Ц групата триумфираше над Летонија со 33:22.

Дебитантот Летонија беше рамноправен противник само во првите триесет минути од натпреварот што се играше во Трондхајм.

Летонците предводени од Даинис Кристопанс на почетокот имаа предност од 3:0, а во продолжение одржуваа минимално водство од еден гол.

Во завршните десет минути од првото полувреме Шпанците конечно направија пресврт поведоа со два разлика, а на одмор заминаа со водство од 14:11.

Во вториот дел Шпанците почнаа да играат на повисоко ниво и како одминуваше времето постојано ја зголемуваа разликата, а во самата завршница стигнаа и до двоцифрена предност која ја задржаа до самиот крај и забележаа убедлива победа од 33:22.

Анхел Перез Фернандез беше најефикасен во победничкиот состав постигнувајќи пет гола. Феран Соле и Алеиш Абељо впишаа по четири погодоци, а голманите Гонзало Перез де Варгас и Родриго Коралес комбинирано имаа 13 интервенции.

Кај Летонците најефикасен со седум гола беше Даинис Криштопанс.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ