Триумф против Турција за потврда на првото место

Македонската женска ракометна репрезентација вечерва од 20 часот во арената Борис Трајковски против Турција ќе атакува на третата на победа на квалификацискиот турнир за пласман во баражот за Светското првенство што ќе се одржи следната година.

По двете победи над Азербејџан и Исланд, избраничките на селекторот Симе Симовски атакуваат на нов триумф со кој ќе го потврдиме првото место во групата и ќе го верификуваме пласманот во баражот.

По двете убедливи победи нашите ракометарки се фаворитки и во соочувањето со Турција, но сепак улогата мораме да ја потврдиме на теренот и со ангажирана игра како што беше случајот во претходните два дуели можеме да стигнеме до толку посакуваните бодови.

“Натпреварот против Турција мораме да го одиграме во ист ритам бидејќи ако планираме во иднина да постигнуваме врвни резултати потребно на вакви турнирски мечеви да се одработи професионално до крај”, рече селекторот Симовски.

Дуелот со Труција почнува од 20 часот и влезот за сите љубители на ракометот е слободен.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ