Три години затвор за Зоран Милевски Кичеец за случајот „Рекет“

Три години затвор. Ова е првата пресуда во случајот Рекет, експресна после само еден ден од стартот на процесот. Третообвинетиот Зоран Милевски Кичеец призна дека бил човекот кој ги договарал средбите меѓу Бојан Јовановски и Орце Камчев. Работел во Орка холдинг и бил пријател со Камчев па посредувал за тој со помош на Катица Јанева да излезе од притвор.

За обвинителката Рускоска казната е очекувана, за адвокатите на Кичеец не.

Инаку во меѓувреме се уште трае истрагата за истиот случај, но Русковска вели дека за сега нема проширување. Тоа што на сослушување ја повика судијката Весна Димишкова од кривичниот суд вели дека не е поради тоа што е спомената во јавно објавените разговори туку дека е дојдено до други докази во тек на истрагата.

Во петок судењето за случајот рекет продолжува со ново рочиште. Обвинети се Бојан Јовановски и екс специјалната обвинителка Катица Јанева, кои не признаваат дека земале пари за Орце Камчев да излезе од притвор. Инаку за в петок како сведоци се повикани брачниот брачниот пар Ана и Орце Камчеви, кои го пријавиле случајот.  Јовановски на судење ке биде доднесен од затворот во шутка бидејки денеска апелациониот суд не ја прифати неговата жалба за притворот, додека Јанева се брани од домашен.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ