Трговската размена зголемена, до септември 12,29 милијарди долари

Вкупно 12.288.709.000 американски долари изнесува трговска размена на земјава за периодот јануари – септември 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот е 5.377.820.000 американски долари што е раст од 6,5 отсто во однос на истиот период лани, додека вредноста на увeзената стока изнесува 6.910.889.000 долари што е зголемување од 4,8 проценти.

Трговскиот дефицит изнесува 1.533.069.000 долари.

Според Државниот завод за статистика, трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во периодот јануари – септември 2019 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ