Трета жртва од коронавирусот, почина 66 годишна пациентка од Дебар

Tретата жртва од коронавирусот во земјава ја соопшти пред малку министерот за здравство Венко Филипче. Почина 66 годишната пациентка од Дебар, која што веќе неколку денови беше на апарати за дишење, изјави Филипче.

Како што кажа министерот, починатата претходно боледувала од висок крвен притисок.

Пет доктори од Клиниката за дерматологија, кои беа во самоизолација откако директорката на Клиниката која не ги почитуваше препораките на Владата беше тестираана позитивна, исто така се заразени со коронавирус. Министерот Филипче најави дека сите 200 лица кои беа во самоизолација  поради неа ќе бидат повторно тестирани во групи во наредните неколку дена

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ