ТРЕТ МАКЕДОНСКИ РАКОМЕТАР ВО БУНДЕСЛИГАТА, КУЗМАНОВСКИ ЌЕ СЕ ПРЕСЕЛИ ВО МАГДЕБУРГ

РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ НА МАКЕДОНИЈА,ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ ОД НАРЕДНАТА СЕЗОНА ЌЕ ГО НОСИ ДРЕСОТ НА МАГДЕБУРГ.22 ГОДИШНИОТ БЕК ПОТПИША ТРИГОДИШЕН ДОГОВОР СО БУНДЕСЛИГАШОТ КОЈ ДЕНЕСКА ГО ПРЕТСТАВИ НА ОФИЦИЈАЛНА ВЕБ СТРАНА .

ЗАДОВОЛНИ СМЕ ОД ТОА ШТО ГИ ДОБИВМЕ УСЛУГИТЕ ОД МЛАДИОТ НО ИСКУСЕН ИГРАЧ КАКОВ ШТО Е КУЗМАНОВСКИ КОЈ Е ФЛЕКСИБИЛЕН И ВО НАПАД И ВО ОДБРАНА.МУ ПОСАКУВАМЕ УСПЕШЕН НАСТАП БЕЗ ПОВРЕДА  НА СП И СО НЕТРПЕНИЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ СЛЕДНАТА СЕЗОНА ВО МАГДЕБУРГ, СТОИ ВО ДЕЛ ОД СООПШТЕНИЕТО НА ДВОКРАТНИОТ ЕВРОПСКИ ШАМПИОН.

КУЗМАНОВСКИ СЕ ПРЕСЕЛИ ОД МЕТАЛУРГ КАЈ ЕУРОФАРМ  РАБОТНИК КАДЕ ИЗБОРИ МЕСТО ВО ГРУПНАТА ФАЗА НА ЕХФ КУПОТ А ВО БУНДЕС ЛИГАТА ОД НАРЕДНАТА СЕЗОНА ЌЕ БИДЕ ВО ДРУШТВО НА ТАЛЕВСКИ ОД РАЈН НЕКАР  И НА МИРКУЛОВСКИ КОЈ Е КАПИТЕН  НА ВЕЦЛАР.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ