Трамп со уцена за Мексико- 5% данок додека не се реши проблемот со мигрантите

Американскиот претседател Доналд Трамп со уцена кон Мексико – ако земјата не ја запре нелегалната миграција, тој ќе воведе данок на целата стока која доаѓа од оваа централно американска држава. Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор му пиша на Трамп да седнеме на маса да разговараме за проблемот- ништо не се решава со сила.

Но како што најави Трамп на Твитер од 10 јуни ќе се воведе даночна стапка од 5% која пополека ќе се зголемува се додека не се реши проблемот со мигрантите.

Најава се случи само неколку минути откако Мексиканскиот претседател Мануел Лопес најави дека започнува процесот на рафикација на новиот трговски договор со САД и КАнада.

  • Денеска ќе испратиме релевантни информации кои сенатот треба да ги ратификува со спогодба за слободна трговија со САД и Канада, рече Обрадор.

Обрадор денеска повика на дијалог. Во писмо упатено до неговиот американски колега, вели дека бара дијалог, а не конфронтација со неговиот северен сосед, објаснувајќи дека социјалните прашања поради кои се иселуваат мигрантите во САД „не можат да се решат со царини или принудни мерки“. – И ве молам, запомнете дека не ми недостасува храброст, дека не се однесувам кукавички, ниту се плашам, туку дејствувам според принципи. Ништо со сила, се со причина и според закон – истакна мексиканскиот претседател.

Хесус Сид, главниот мексикански дипломат за Северна Америка, рече дека предложените даночни стапки се „катастрофални“ и дека Мексико мора поенергично да реагира.

Не велам дека ќе седиме со скрстени раце до 10 јуни, тоа е датумот. Нема така да седиме се до дој ден да видиме дали е сериозен или не, но јас сметам дека тоа е не нешто што е предвидено да биде донесено, зашто би било многу тешко, рече Сид.

Во февруари Трамп прогласи вонредна состојба на границата со Мексико со цел да се справи со, како што рече, кризата на јужната американска граница. Додека граничните власти се жалат на големиот број бегалци, критиките се упатени токму кон нив дека ги злоупотребуваат мигрантите.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ